Двајца баратели на азил се ранети од огнено оружје на грчкиот егејски остров Лезбос откако го прекршиле строгото ограничување на движењето во рамките на борбата против пандемијата на коронавирусот, потврдија во четвртокот локалните власти.
Иранец и Алжирец дошле во средата вчерта во амбулантата на преполниот мигрантски камп Морија повредени од сачмарка, изјавиле извори од кампот. Двајцата биле префрлени во локалната болница и нивната сосојба не е тешка. Тие ѝ објасниле на полицијата дека излегле од кампот каде што во тешки услови живеат 18.300 лица, или шест пати повеќе од капацитетот.
Во средата стотици мигранти, главно од африканските земји, протестираа пред кампот Мореа и бараа да го напуштат островот за да избегнат зараза со коронавирусот велејќи дека тој за нив претставува смртна опасност.
Во првиот квартал од 2020 година, грчката влада префрли 10.000 ранливи лица од преполните мигрантски кампови на островите во Егејот во континентална Грција. Во април се префрлени само 627 лица а невладините органзиации за човекови рпава ја повикуваат владата во Атина веднаш да ги растовари овие кампови во текот на здравствената криза.
Група од 2.380 мигранти минатата седмица требаше да бидат префрлени во континентална Грција но тоа е одложено, потврди во четвртокот владиниот портпарол Стеиол Пецас на прес-конференција. Одложувањето е одложено во согласност со мерката за ограничување на движењето која е на сила до 4-ти мај, додаде.
Случаи на зараза со коронавирус се регистрирани во два кампа и во еден хотел во кој е сместени мигранти во континенталниот дел на Грција, каде што оваа седмица 150 лица беа позитивни. Но досега нема податоци за можни случаи на зара на островите.
Грција рпред воите европски партнери одреди мерки за ограничувања и досега во земјата има 2.463 позитивни случаи на коронавирусот од кои 125 лица починаа.