Со сатар ги убила мајката и бабата

Во центарот на Белград се случи страшно злосторство. Триесет и девет годишната М.В. со сатар ги уби нејзината мајка и баба, објави српски „Курир“.

Весникот повикувајќи се на сопствени информации, пишува дека во станот имало и бебе од два до три месеци, но за среќа поминала неповредена. Полицијата извршила увид на местото на настанот, а работниците од Центарот за социјална грижа ќе го згрижат бебето.

Според првичните информации, убиството го пријавил сопругот на осомничената.

Најверојатно, убиството се случило во текот на ноќта или во раните утрински часови, а постојат сомнежи дека до него дошло по претходна расправија.

Осомничената е префрлена во Военомедицинската Академија во Белград, каде ќе биде прегледана и најверојатно ќе биде подложена на психијатриско вештачење.