Под силно полициско обезбедување, протестот против пресудата на обвинетите за нападот во кумановската Дива населба, помина мирно, со скандирања „УЧК“ и „Косово“, и транспаренти со испишано „Слобода за борците“, „Затвор за криминалците“, „Стоп за македонскиот шовинизам“…
Демонстрантите носеа и фотографии од осудените каде што тие позираат со оружје. Организаторите, на плоштадот „Скендербег“ најпрво имаа изјава за медиумите, но, само на албански јазик.
Од плоштадот, стотина демнстранти завршија пред Основниот суд – Скопје 1. Организаторите бараат меѓународна истрага и ревизија на случајот кој, според нив, е уште една неправда кон Албанците во Македонија. Се бара слобода и за други осудени во случаите Монструм, Бродец и други.
ФОТО: newsroom.mk