Со ѓумбир и круша направете детоксикација на организмот

Ѓумбирот е исклучително здрав за луѓето од сите возрасти, а е ефикасен и кога станува збор за детоксикација на организмот.

Чистењето на телото од отрови секогаш ни е потребно поради нездравата храна која секојдневно ја внесуваме. Ѓумбирот е исклучителна намирница која може да ни помогне во тоа.

Ѓумбирот е здрав корен кој го зајакнува имунитетот и ја потиснува кашлицата. Покрај ѓумбирот, во овој сок оди и круша, сочно и вкусно овошје со голема хранлива вредност, многу диетални влакна кои ќе го задржат чувството на ситост и ќе ве спречи помеѓу оброците да посегнете по нездрави грицки, како и краставица, природно средство за чистење на телото полно со калиум.

Овој одличен природен сок ќе го исчисти организмот, добро ќе го нахрани и ќе ве направи сити.

Пробајте го овој едноставен и вкусен рецепт.

Потребно е: 3 круши, 2 прстенa ѓумбир, четвртина краставица

Подготовка: Сите состојки ставете ги во блендер. Овој освежувачки сок можете да го пиете како меѓуоброк.