Со такси лани се возеле над 14 милиони патници

Минатата година со такси превезени се 14.341.000 патници, од кои 12.749.000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1.592.000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Со 1.556 патнички автомобили опфатени во истражувањето се изминати вкупно 55.793. 000 километри, од кои 47.487.000 во градскиот превоз, додека во меѓуградскиот превоз се остварени 8.306.000 километри.

Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици.

ДЗС сподели податоци за потрошувачката на гориво: 184 тони бензин,  2.752 тони дизел и  над 2. 239 тони автогас.