Со такси во напад – Таксист има информации за нападите во Брисел

Клучните информации во истрагата за вчарашните напади во Брисел би можел да ги има еден такси возач кој ги довел осомничените на аеродромот, а по се што се случило се јавил во полиција и ја дал адресата од каде што пристигнал повикот, односно од каде што го почнал возењето, пренесува Б92.

Фотографијата од тројца мажи, од кои двајцата извршиле самоубиствени напади е доказот што досега го имаат властите во рамки на досегашната истрага за бомбашките напади во Брисел.

Третиот маж, кој што за разлика од останатите не носи црна облека, наводно ја поставил бомбата на аеродромот во Брисел, а потоа ја напуштил локацијата, пред детонациите кои усмртија повеќе од десет лица и кои претходеле на сличниот инцидент во метрото.

brisel-napadi-1-1

Тој ја оставил бомбата на аеродромот, но таа не експлодирала. Го бараме тоа лице, изјави министерот за внатрешни работи на Белгија Жан Бодријар.

Клучните информации во истрагата би можел да ги има еден такси возач кој ги довел осомничените на аеродромот, а по се што се случило се јавил во полиција и ја дал адресата од каде што пристигнал повикот, односно од каде што го почнал возењето.

Во белгиската населба Сербек полицијата извршила неколку рации, а во една од нив нашла хемикалии, знаме на ИД и опрема за производство на експлозиви.

ИД ја презема одговорноста за на нападите. Потврдено е дека двете експлозии на аеродромот Завентем се предизвикани од бомбаши самоубијци, а еден час подоцна повеќе експлозии се слушнале во метрото, на станицата недалеку од институциите на ЕУ.