Професорот Јове Кекеновски ја коментира за „Плусинфо“ новата фотелја во Владата во која седна поранешниот командант на ОНА од Танушевци Џезаир Шаќири, алијас командант Хоџа.
Владата утрово потврди дека Шаќири ќе го советува премиерот Зоран Заев за безбедносни прашања и за борбата против радикалзимот. Поранешниот командант за својот едногодишен ангаман ќе зема плата од 36.000 денари месечно.
Владата и покрај многуте ,,експерти” за безбедност ангажирани од нејзина страна во разните владини институции и агенции, покрај национален координатор за безбедност, одлучила и најверојатно смета дека со ангажирање на ваков ,,теренец”, oдноснo проверен борeц без соодветна школска наобразба дека државата и владата ќе бидат посигурни и побезбедни. Односно, дека безбедноста ќе биде на највисоко можно ниво. Што се 36.000 денари месечно, наспроти гаранцијата за безбедност на државата и Владата. Секој ден, во секој поглед се повеќе напредуваме. Дојде живот – вели професорот Јове Кекеновски.