![traktor](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/08/traktor.jpg?resize=696%2C369&ssl=1)
На 09.06.2022 во 19.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на ул.„14 Јуни“, трактор „имт-539“, управуван од Д.Т.(61) од Македонска Каменица, удрил во патничко возило „фиат“, со делчевски регистарски ознаки, паркирано од Д.Т.(57) и се превртел на коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил сопатникот С.М.(55) од Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип.
Увид на местото извршила екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.