Истражувањата покажаа дека консумирањето одредени видови храна и пијалоци му помагаат на телото да се ослободи од штетните материи.
Лук
На лукот му се припишуваат многу лековити својства. Го нарекуваат природен антибиотик, средство за чистење на дишните патишта, моќно растение со антивоспалително дејство кое ги потиснува габите и одредени вируси. Содржи алицин кој ги уништува инфекциите на дишните патишта, а многу истражувања покажале дека е ефикасен помошник и за чистење на белите дробови на пушачите, но и на поранешните корисници на тутунски производи, пишува razvodna.hr.
Лукот додава вкус на многу јадења, а најмногу лековити својства ги има кога се јаде сиров. Сепак, имајте на ум дека големи количини лук не се препорачуваат за луѓе со проблеми со желудникот и дигестивниот систем.
Ѓумбир
Ѓумбирот има многу лековити својства. Го зајакнува имунитетот, го подобрува варењето, ја намалува надуеноста, ги намалува воспалителните процеси во организмот и ги отстранува токсините од белите дробови и остатокот од телото, поради што се препорачува за (поранешни) пушачи. Ѓумбирот најчесто се користи за подготовка на чај или додавање во здрави пијалоци, а може да се користи и како зачин за солени и слатки јадења.
Ѓумбирот е многу моќен. Не треба да консумирате повеќе од парче ѓумбир со големина од околу два сантиметри дневно. Ако не сте сигурни која е точната доза, консултирајте се со вашиот лекар или нутриционист.
Куркума
Вклучете ја куркумата во вашата исхрана, без разлика дали при рака имате свеж корен или зачин во прав. Некои студии покажаа дека овој растителен вид го подобрува чистењето на белите дробови од штетни материи кои се резултат на пушење или живеење во загадена област. Покрај тоа, ѓумбирот служи и како превенција од болести на респираторниот систем. Куркумата традиционално се користи за индиски јадења, подготовка на златно млеко и разни здрави смути. За да уживате во антивоспалителните ефекти на куркумата, измешајте ја со малку црн пипер.