Со туѓа патна исправа сакал да излезе од Македонија

На 20.11.2020 во 05.30 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од Република Северна Македонија, при извршена пасошка контрола на Е.А.(23) од Р.Албанија, било утврдено дека приложил туѓа патна исправа.

По извршен разговор со него било констатирано дека станува збор за Л.Е.(21) од Р.Албанија, а патната исправа ја зел од негов пријател, со намера да отпатува во земја членка на ЕУ, бидејќи во неговата патна исправа имало забрана за влез во ЕУ.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.