На 09.01.2022 во 11,00 часот, било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(59) од селото Другово, паркирано товарно моторно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост од Д.Р.(49) од кичевското село Вранештица и паркирано патничко моторно возило „џета“ со кичевски регистарски ознаки, сопственост на С.М.(46) од Кичево.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Е.А., констатирани во Медицинскиот центар Кичево.
Увид на местото на настанот изврши увидна екипа од ОВР-Кичево.