Со украдено возило, државјанин на Полска сакал да влезе во Македонија

Ноќта кон понеделникот околу 1, 30 часот на Граничен премин „Табановце“ од полициски службеници е приведен 47-годишниот Т.И.Х. од олска, кој управувал патничко возило „рено трафик“, со полска национална ознака, затоа што при извршена пасошка контрола и проверки во службената евиденција било констатирано дека возилото според базата на податоци на Интерпол е предмет на потрага, затоа што е пријавено за украдено.

Лицето и возилото се предадени на полициски службеници од Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.