Со Јумеихо терапија вратете го телото во рамнотежа

Станува збор за природен, холистички метод на лекување, кој ги комбинира најдобрите искуства на Истокот и Западот, како шаолин масажата, акупресура, традиционалната тајландска масажа, туина масажата, лимфна дренажа и рефлексологија.

Болки во грбот, вклештени нерви и ишијас, главоболки, пецкање во рацете, мигрена, вртоглавица… сето тоа се проблеми кои произлегуваат од нерамнотежа на телото, а токму во тоа помага терапијата Јумеихо.

Во современиот свет се достапни различни методи на конвенционалната и алтернативната медицина, кои содржат техники за делување врз коските, зглобовите, мускулите, преку кои се постигнува местење, опуштање, растегнување, тонизирање…

ШТО Е ЈУМЕИХО ТЕРАПИЈА?

Оваа јапонска терапија се состои од испитување на држењето и симетријата на телото, симетријата на карлицата и должината на нозете, како и масажа со притисок со прст и дланка и нежна манипулација со зглобовите.

Третман се состои од гмечење и притискање на одредени точки, мускули, т.е. меки ткива и манипулација со зглобовите со цел подобро артикулирање на коските и прилагодување на пршлените и со тоа постигнување рамнотежа и подобар проток на циркулацијата. и енергија низ целото тело. Се состои од релаксирање на меките ткива со прецизни динамички притисоци и прилагодување на коскено-зглобните структури.

Совршената комбинација на техниките на древниот Исток и современиот Запад го опушта телото, ги прилагодува коскените структури и ги раствора емоционалните блокади.

Станува збор за природен, холистички метод на лекување, кој ги комбинира најдобрите искуства на Истокот и Западот, како шаолин масажата, акупресура, традиционалната тајландска масажа, туина масажата, лимфна дренажа и рефлексологија.
Потекнува од познатиот кинески манастир Шаолин, каде будистичките монаси развија уникатен метод на холистичко лекување. Нивната цел беше да ги опуштат физичките тензии и да навлезат во длабоките слоеви на битието – во емоционални повреди и ментални блокади за кои сме приврзани, во стравови, гнев, тага… во вистинските причини за нарушувања во телото.
Илјадагодишните традиционални учења биле користени како појдовна точка од јапонскиот терапевт Саионџи Масајуки, основачот на терапијата што ја нарекол Јумеихо во 70-тите години на минатиот век, што во слободен превод би значело активирање на животната енергија.

Терапевтот го обработува целото тело, одредува каде престанала енергијата, ги отстранува болните места и ги наоѓа причините.

Терапијата Јумеихо води до целосна релаксација. Секој третман на Јумеихо е индивидуален и прилагоден на состојбата на лицето.

Иако Јумеихо методот е дизајниран претежно за превeнтивна примена, сепак е терапија, покрај фактот што главна цел е третирање или намалување на причините за функционални растројства кои со текот на времето може да прераснат во хронична патологија. Исто така, терапијата Јумеихо може да се применува превентивно или да го забави прогресот на веќе постоечка патологија.

ЗА ШТО ПОМАГА ЈУМЕИХО?

Јумеихо терапија помага при лекување на повеќе болести, како на пример:
-Каква било болка во грбот или ’рбетот
-Лумбаго и ишијас
-Затегање во вратот и рамениците
-Болка во колковите, колената, зглобовите и ребрата
-Главоболки
-Менструална болка, нередовна менструација, неплодност
-Болест на џигерот, бубрезите, панкреасот и бешиката

Овој јапонски третман наскоро ќе може да се користи во Центарот Beauty&Academy а ќе го изведува терапевтот Јулијана Мишевска.