Кампањата на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и некои од неговите сојузници започнаа превентивен политички напад врз потпретседателката Камала Харис во време кога некои демократи веруваат дека таа треба да го замени претседателот Џо Бајден како кандидат на претседателските избори во ноември.
Националниот републикански конгресен комитет (NRCC) ја нарече главната личност која го охрабрува деструктивното однесување на Бајден, а MAGA Inc, организација која го поддржува Трамп, ја нарече „Царицата на инвазијата“, алудирајќи на нејзиниот неуспех да го запре протокот на илегални имигранти.
„Камала Харис е неспособна. Таа се покажа како најслабиот, најлошиот потпретседател во историјата и 100 отсто го поддржува Џо Бајден за секоја катастрофална политика во последните четири години“, рече Каролин Левит, портпаролка на кампањата на Трамп.
Трамп ја оцрни Харис во видео снимено на терен за голф, велејќи дека таа е „толку лоша, толку патетична“.
Кампањата на Бајден возврати на тие критики.
„Потпретседателката Харис е горда што го придружува претседателот Бајден во трката. Без разлика што Трамп и неговите екстремни сојузници велат за неа, таа ќе продолжи да ги брани резултатите од Бајден-Харис и да ја продолжи борбата против Доналд Трамп“, рече Рајан Лејк, портпарол на Харис.
Агенцијата Rauters забележува дека нападите врз Харис потсетувале на тактиката која републиканецот Трамп ја користеше за успешно да се ослободи од Рон ДеСантис, неговиот републикански ривал, кога гувернерот на сојузната држава Флорида влезе во трката за републиканска претседателска номинација минатата година.
Анкетата на Reuters/Ipsos на почетокот од оваа седмица покажа дека Трамп наводно би водел со само еден процентен поен, 43 отсто наспроти 42 отсто на Харис, доколу би се соочиле во претседателската трка.