Сојузот на средношколци го поздрави компромисот меѓу СОНК и Владата

Сојузот на средношколци го поздравува постигнатиот договор меѓу СОНК и Владата. Задоволни сме дека обете страни го послушаа нашиот апел и празничниот период го искористија да постигнат заеднички компромис, објави Сојузот.

„Најраното можно враќање на учениците е во среда, што значи 10 загубени работни денови. Затоа го повикуваме членството на СОНК во најбрз можен рок да го одобри договорот. Бараме од Министерството за образование и наука Сојузот да биде вклучен во одлучувањата за надомествувањето на пропуштениот материјал“, пишува во реакцијата на Сојузот на средношколци.