![3920_casino-barriere-saint-malo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/01/3920_casino-barriere-saint-malo.jpeg?resize=696%2C487&ssl=1)
Четириесетгодишна жена на Нова година во коцкарница во Сен-Мало во франциска Бретања освоила повеќе од 200.000 евра откако уфрлила 80 евроценти во слот-апарта, објавија во неделата од казиното.
„Станува збор за почетничка во коцкањето и слот-апаратите, која била на празници придружувана од мајката. Освои 209.715,20 евра, што е вториот најголем џекпот на казинот од воведувањето на слот-апаратите пред 30 години“, изјави директорот на казиното „Barrière“, Франсоа-Стефан Верњ.
Вложувајќи 80 евроценти во саботата околу 17 часот, машината ја исфрлил конечната шестоцифрена сума.
„Луѓето често не сдфаќаат што им се случило. Беше помалку изненадена, ја одведовме настрана и ѝ понудивме чаша шампањ“, додал Верњ.
Куриозите е што во истата коцкарница во 2011 година играч освои 425.000 евра вложувајќи само 60 евроценти.