![air-rifle-e1415283922674-860x576](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/air-rifle-e1415283922674-860x576.jpg?resize=640%2C429&ssl=1)
Непознато лице со воздушна пушка пукало во куче на скопјанец, информираше МВР.
Според полицијата, вчера во ПС Гази Баба, Г.Д.(45) од Скопје пријавил дека на 2.09.2018 година околу 23 часот на улица 203 во населбата Гоце Делчев, непознат сторител со воздушна пушка пукал во неговото куче.
Тој го погодил неговото милечиче во стомакот, по што го однел во ветеринарна болница. По укажаната помош кучето било вратено дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.