СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.К.(25) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ и две кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 31.07.2023 пред угостителски објект во Охрид, пријавениот со остар предмет му се заканувал на Н.М. од Охрид, а кога на местото пристигнале полициски службеници, обидувајќи се да побегне, со возило удрил двајца полициски службеници.