Во преполната сала на Културниот центар во Белград, синиоќа беше прикажан „Соба со пијано“ на Игор Иванов, како филм од единствената компетитивна програма „Европа вон Европа“ во рамките на 42-то издание на реномираниот филмски фестивал – ФЕСТ.
Дел од филмската екипа се поклони пред фестивалските гости, љубителите на филмот и новинарите кои во голем број присуствуваа на оваа проекција, по што се одржа и Q&A сесија со продуцентот Томи Салковски, режисерот Игор Иванов, сценографот Миленко Јеремиќ и актерите Светозар Цветковиќ, Невена Ристиќ и Јагода Кумриќ.
Оние кои не го гледаа „Соба со пијано“ вчера, ќе имаат можност тоа да го сторат на следните две фестивалски проекции, закажани за денеска и утре.
На редовната фестивалска конференција за новинари, што ќе се одржи денес во 12:00 часот, ќе се обратат режисерот Игор Иванов и продуцентот Томи Салковски, а веднаш потоа ќе одржат спрецијално предавање пред студентите на Факултетот за Драмски Уметности во Белград, на тема „Соба со пијано“.