![gdomm Собири на ГДОМ во повеќе градови во земјата](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/gdomm.jpg?resize=540%2C300&ssl=1)
Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) вечерва одржаа собири во повеќе градови во Македонија.
Граѓаните од собирот во Неготино побараа одржување на предвремените парламентарни изботи на 5 јуни, со што ќе се стави крај на политичката криза во земјата.
Доколку потрае политичката криза, како што нагласија, може да прерасне и во економска криза.
– Ова ќе биде референдум за Македонија, јасно изразена волја на народот македонски и порачуваме Македонија не треба да се руши, туку да се гради, рече Влатко Ристов од ГДОМ.
Поддржувачите на ГДОМ во Ресен побараа одржување избори на 5 јуни и крај на наметната политичка криза.
Ресенчани во маршот низ градот порачаа дека нема да дозволат деструкции и уништување на државата.
Граѓаните од Битола порачаа дека изборите на 5-ти јуни треба да се одржат затоа што по нив ќе биде решена кризата во која е втурна Македонија.
Да за избори, на за деструкциите на СДСМ, беше пораката на жителите на Свети Николе, кои вечерва учествуваа на собирот на ГДОМ во овој град.