Православните христијани денес го празнуваат празникот Собор на 12 апостоли, во народот познат како Павловден.
Денес именден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина…
Следниот ден по Петровден 13 јули/ 30 јуни православните христијани го празнуваат празникот Собор на 12 Апостоли – Павловден.
Претходниот ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, а денот по него е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.