Соборениот пакистански премиер Кан го откажа протестот поради судирите, но постави ултиматум

Соборениот пакистански премиер Имре Кан го распушти протестите на своите приврзаници во четвртокот по судирите со полицијата пред зградата на парламентот претходната вечер, но предупреди дека протестите ќе бидат обновен доколку не бидат распишани нови избори во рок од шест дена.

Кан тврди дека одлуката на парламентот да го отповика од премиерската должност во април, по што е воспоставена коалициска влада водена од премиерот Шабаз Шариф, помладиот брат на поранешниот премиер Наваз Шариф, е плод на заговор на САД и бара нови избори за да докаже дека Пакистанците го поддржуваат.

Шариф во интервју по преземањето на должноста рече дека добрите односи со САД се клучни за Пакистан, што е во спротивност со антагонистичкиот однос со Вашингтон кој го имаше Кан.

„Ви давам шест дена. Најавете избори за шест дена“, изјави Кан од камион откако тој и илјадници негови приврзаници пристигнаа во главниот град Исламабад, додавајќи дека парламентот би требало да биде распуштен за новите избори да се одржат во јуни.

Ја предупреди владата дека ќе маршира со приврзаниците во престолнината уште еднаш, доколку не бидат исполнети неговите барања.

Кан собра илјадници приврзаници во Исламабад, со план да го блокира клучните делови од главниот град сѐ додека Шариф не попушти пред неговото барање за нови избори.

Врховниот суд на Пакистан ѝ нареди на владата доцна ноќта во средата да ги отстрани сите блокади кои полицијата ги постави на приодите и излезите од Исламабад, и на приврзаниците на Кан да им одреди место на отворено каде што може да се одржи собир.

Демонстрантите, сепак, се упатија кон самиот центар на градот каде имаше повеќе судири со полицијата во траење од неколку часа, по што Кан со повеќето од своите приврзаници влезе во градот.

Полицијата употреби солзавец и палки врз предводниците на протестниот марш и приведе стотици демонстранти кои запалија дрвја, возила, продавници и автобуска постојка, додека напредуваа по главната сообраќајница која води до пакистанскиот парламент.

Најмалку 18 полицајци и припадници на паравоените единици се ранети откако демонстрантите ја пробија последната безбедносна линија пред парламентот, изјави министерот за информирање Миријум Аурангзеб.

Судирите, исто така, се прошириле во повеќе градови во провинцијата Пенџаб, како и во милионскиот јужен пристанишен град Карачи.

Владата соопшти дека маршот на приврзаниците на Кан е незаконски и го обвини дека се обидува да ги донесе демонстрантите во Исламабад со „зли намери“.

Полицијата од четвртокот претпладнето започна со отстранување на контејнерите кои беа користени за блокирање на главните сообраќајници во Исламабад. Улиците кои водат кон важните објекти, владините канцеларии и дипломатските мисии, исто така, беа блокирани.

Бариери се поставени и на влезовите и излезите од Исламабад кон сите поголеми градови во Пенџаб, како и на патните правци коишто ја поврзуваат централната провинција со северозападен Пакистан.