Поранешниот пакистански премиер Имран Кан објави во саботата дека се откажува од плановите за марш на главниот град Исламабад, што може евентуално да стави крај на политичките превирања во нуклеарната земјата во период кога се зголемуваат стравовите од економски колапс.
Кан, кому парламентот претходно годинава му изгласа недоверба за што тој ги обвинува САД поради неговото приближување со Кина, на почетокот од ноември беше ранет од огнено оружје во текот на протестниот марш во близина на градот Гуџранвал во централната покраина Пенџаб, во рамките на својот план за протестен марш на главниот град Исламбад за да ги притисне владата да распише предвремени парламентарни избори.
Најавениот марш на пакистанската престолнина, според намерите на Кан, требаше да го парализира функционирањето на владата, но денеска ги замоли своите бројни приврзаниците мирно да се разидат по собирот во градот Равалпинди, неколку километри од Исламабад.
„Нема да продолжам со планот“, рече Кан на неговиот прва настап на собир откако беше ранет.
Мандатот на Кан меѓу 2018 и 2022 година беше поткопан од економскиот пад, а критичарите го обвинуваа за големо ограничување на медиумите и произволни апсења на политичките противници. Меѓутоа, неговата популарност повторно порасна последниот период.
И покрај откажувањето на маршот на Исламабад, Кан најави планови за повлекување на неговите пратеници од владите на двете покраина во кои владее неговата партија со коалициските партнери. Тоа се оценува како потег кој би можел да предизвика уставна криза и да ја присили власта да распише предвремени општи избори.
Според економските аналитичари, политичката криза може да ја влоши состојбата на пакистанската економија, којашто веќе доби пакет финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ – IMF).