Повеќе од 190.000 евра се собрани за Бразилецoт кој помогнал во запирањрто на нападот со нож врз деца во центарот на Даблин во четвртокот, што предизвика улично насилство од антиимигрантски активисти кои веруваат дека напаѓачот бил странец.
Едно од трите мали деца избодени со нож на улица пред нивното училиште и натаму е во критична состојба, изјави во петокот ирскиот министер за правда. Пгодишното девојченце и 30-годишниот учител кои биле избодени со нож беа во критична состојба. Уште две деца, петгодишно момче и шестгодишно девојче се здобиле со полесни повреди.
Полицијата го приведе уапсениот, на возраст од 40 години, кој исто така е хоспиализиран со тешки повреди. Властите сѐ уште не ја соопштуваат националноста на напаѓачот или неговиот мотив. Полицијата соопшти дека не бара други лица поврзани со нападот, како и дека не исклучила ниту еден мотив, па ниту оној поврзан со тероризам.
За разлика од антиимигрантските коментари на интернет и ставовите на некои насилни демонстранти, на веб-страницата GoFundMe за бразилскиот имигрант и доставувач на храна Каио Бенисио беше покрената добротворна кампања „Купи пинта кај Каио Беницио“, во која беа собрани 194.000 евра.
Бенисио во интервјуа опиша како помогнал да се онеспособи напаѓачот во 50-тите години. Бразилски доставувач на компанијата „Deliveroo“ изјави за веб-страницата Journal дека го соборил напаѓачот на земја удирајќи го со кацигата во главата.
Во друга хуманитарна акција беа собрани 81.000 евра за работничка во градинка која ги собрала децата и помогнала да се држи напаѓачот подалеку од нив.
Полицијата уапси 34 лица по немирите во кои беа искршени излозите и запалени полициски автомобили и автобуси. За избувнувањето на насилството се осомничени радикалните десничари.