Собрани 6 милијарди долари за настраданите во земјотресот, на донаторска конференцијa во Турција

Околу 15,1 милијарди лири (6,1, милијарди долари) беа собрани на синоќешната донаторска акција организирана во Турција која беше емитувана на 213 домашни и меѓународни телевизии и 562 радија.

Во рамките на кампањата „Турција едно срце“ биле испратени и повеќе од 9 милиони смс пораки со кои се донираат средства за погодените во земјотресот во Турција.

Меѓу донаторите имало турски политичари, државни институции и граѓани, јави Анадолија. Турската централна банка беше најголемиот донатор, која вети 1,6 милијарди долари, додека банките Зираат и Вакиф донираа 1 милијарда и 637 милиони долари.

Во акцијата учествуваа речиси сите турски филмски и телевизиски актери кои се јавуваа на телефоните на кои се донираше, како и други јавни личности.