
За една недела на донаторската линија на ВИП се собрани 19.800 денари за триесет и три годишниот Сашко Коцев од штипско Ново Село кој пред неколку дена загина во бизарна сообраќајна несреќа во Валенсија, Шпанија. Неговото тело во петок треба да биде транспортирано од Шпанија во Македонија. Заради тешката финансиска состојба на семејството, општина Штип покрена акција за прибирање на средства и затоа уште еднаш апелира, до сите правни и физички лица да донираат на телефонот 077 143 600, каде цената на донацијата е 100 денари од повик односно 118 со ДДВ.
Но, сите оние кои сакаат да донираат поголема сума, можат средствата да ги уплатат на трансакциска сметка на таткото на починатиот, Томислав Коцев во НЛБ тутунска банка, сметка број 210501596059292 со назнака, „донација за Сашко Коцев“. За транспорт на телото се потребни 4400 евра. Општината издвои 500 евра, толку најави и Министерството за труд и социјална политика, по 10.000 денари донираа Здружението на пензионери на Штип и приватна фирма а со сума од околу 2000 евра најавена е помош и на неговите роднини во Шпанија. Тоа значи дека до сега се обезбедени околу 3000 евра, што не е доволно заради што и понатаму се апелира на хуманост од граѓаните на Македонија.