Собрани средствата за малиот Ангел, мајката со јавна благодарност до Мицкоски и сите кои помогнаа

По хуманата акција за собирање на пари за лекување на малиот Ангел, семејството се огласи преку статус на Фејсбук во кој пишува дека парите се веќе собрани. Мајката упати и јавна благодарност за хуманоста на Мицкоски и за сите коишто помогнаа.

Голема и искрена благодарност до вас Христијан Мицкоски и Дејан Митески.
Нема поголема сила и мотивација за еден родител, кога некој ќе застане рамо до рамо со него и ќе каже; – Заедно ќе се бориме и ќе победиме.
Ветивте, покажавте и докажавте дека Ангел ви е голема мотивација за поголеми битки, а на нас останува да ви ветиме дека заедно ќе трчате и ќе се радувате.
Оваа искрена насмевка на Ангел ви благодари за се.