Во Собранието денеска седници на четири собраниски комисии. Во Собранието на Р.М. денеска треба да одржат седници Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето, Комисијата за финансирање и буџет Комисијата за транспорт, врски и екологија и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Анкетната комисија за скандалот со прислушкувањето треба да достават листи со предложени сведоци и/или експерти и да го донесат Планот за работа на Комисијата.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка – второ читање.
Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе расправаат по измените и дополнувањата на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и на Законот за градење, двата по скратена постапка – второ читање.
На дневен ред на ЗПК се измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти и на Законот за градење, сите по скратена постапка – второ читање.