Собранието ја усвои Резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции во контекст на блокадите на европските интеграции, поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. За Резолуцијата гласаа 96 пратеник, 95 гласаа „за“, а еден беше воздржан.
Претходно, пратениците го поддржаа амандманот поднесен од група пратеници во Резолуцијата да се внесе уставното име на државата Република Македонија.
„Во Собранието на Република Македонија на предлог ВМРО-ДПМНЕ усвоена е декларација за македонските црвени линии кон Бугарија“, објави на својот Фејсбук профил, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.
„Македонскиот јазик е македонски засебен различен од другите. Македонскиот народ има култура и историја на која може да се гордее и нема да дозволиме никој да ја оспорува. Да живее Македонија!“, напиша Николоски.