Собранието и Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието имаат потреба од компетентни и високомотивирани кандидати, кои би биле носители на тие функции.
Претседателот на комисијата за избори и менувања во Собранието денес детално информираше за овој оглас.
Според тоа, Собранието распиша оглас за пројавување интерес за ангажирање лица и со ова ги охрабруваат сите кандидати што веруваат во сопствениот капацитет, кои имаат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и посветеност кон работата – да се пријават.
– Би сакал да нагласам дека ваквиот оглас за пројавување интерес не е законска обврска на Собранието, но цениме дека на овој начин се збогатуваат принципите на демократијата и се зголемува транспарентноста на работењето на јавните институции т.е. на Собранието и им се дава можност на што поголем број способни луѓе да аплицираат. Притоа сите пријавени кандидати имаат еднакви можности да бидат примени, во согласност со нивното образование и искуство, без разлика на полова, верска, партиска и национална определба. Сите кандидати што ги исполнуваа законските услови за функцијата за која се пријавуваат, ќе бидат повикани на интервју – истакна денес Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ .
Краен рок на поднесување на пријавата е 20 јули.
Вкупно на овој оглас за пројавување на интерес има 40 позиции. Меѓу нив – УО во Агенција за регулирање на железничкиот сообраќај, програмски совет на МРТ, Комисија за агенциите за пошти и за електронски комуникации, антикорупциска.