Собранието денес ќе ја почне 23. пленарна седница

Собранието денеска ќе ја започне 23. седница која на дневен ред се 66 точки, меѓу кои и дополнетите предлози на закони за изменување и дополнување на Законот за акцизите и на Законот за културата, двата во второ читање.

Пратениците треба да се изјаснат и за Предлог на закон за ратификација на Договорот за финансирање на повторното воспоставување заедничка постојана поставка во блокот 17 на Државниот музеј Аушвиц-Биркенау, за измените и дополнувањата на Законот за платежни услуги и платни системи, за изменување на Кривичниот законик, за измените и дополнувањата на Законот за пожарникарството, на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, на Законот за задолжителниот примерок, сите по скратена постапка.

На дневен ред е и Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за основање на Национална агенција за нуклеарни технологии на Република Македонија, Предлог на закон за Националната рамка на квалификации, Предлог на закон за учебници во основно и средно образование, измени на Законот за заштита на културното наследство, на Законот за филмската дејност, на Законот за издавачката дејност, на Законот за музеите, на Законот за употребата на македонскиот јазик, измени и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра, на Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење, измени на Законот за прогласување на старото градско јадро на Кратово за културно наследство од особено значење, измеni на Законот за прогласување на споменичката целина Kрушево за културно наследство од особено значење, на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Битола за културно наследство од особено значење, на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, изменување и дополнување на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, на Законот за Централен регистар на население, на Законот за електронско управување и електронски услуги, измени на Законот за финансиска дисциплина, на Законот за административните такси, на Законот за даночна постапка, на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити, на Законот за супервизија на осигурување, на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, на Законот за трансформација во редовен работен однос, на Законот за државната ревизија, на Законот за хартии од вредност, на Законот за Управата за јавни приходи, на Царинскиот закон, сите во прво читање.

На дневен ред се и Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување, Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на социјалните услуги, Предлог на закон за изменување на Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Вториот проект за унапредување на социјалните услуги, сите во прво читање.

Пратениците ќе ги разгледаат и измените на Законот за данок на моторни возила, на Законот за вршење на работи за застапување во царинските постапки, на Законот за царинската управа,
на Законот за Развојната банка на Северна Македонија, на Законот за данокот на додадена вредност, на Законот за управување со отпад, на Законот за квалитетот на амбиентниот воздух, на Законот за генетски модифицирани организми, на Законот за водите, на Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, на Законот за заштита на природата, измените и дополнувањата на Законот за животната средина, измените на Законот за управување со пакување и отпад од пакување, на Законот за заштита од бучава во животната средина, измените и дополнувањата на Законот за општа безбедност на производите, на Законот за државен пазарен инспекторат, измените на Законот за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти, на Законот за основање на агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, измените на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, сите во прво читање.

Во рамки на 23. седница ќе бидат разгледани и Предлог на одлука за одобрување на Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2025 година, Годишен извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2023 година, Предлог на одлука за одобрување на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор за 2025 година и Барање за давање на автентично толкување на член 26 точка 4 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Република Македонија, поднесено од градоначалникот на Општина Пробиштип.