Собрание денеска ќе ја одржи петтата седница на која на на дневен ред се две точки – Предлог одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија и Предлог на одлуката за избор на претседател, членови и заменици – членови на Советот на Собранискиот канал.
За претседател на Буџетскиот совет се предлага Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, а за заменик-претседател Сања Лукаревска, претседател на Комисијата за финансирање и буџет. Членови на Буџетскиот совет се предлагаат пратениците – Бојан Стојаноски, Ели Панова, Игор Здравковски, Лидија Петковска, Халил Снопче, Фатмир Битиќи, Ељми Азири, Илир Хасани и Борислав Крмов.