Собранието ќе избира министри и заменици-министри

Собранието треба да избере двајца нови министри и тројца заменици-министри што ги предложи премиерот Зоран Заев, на денешната 110-та седница.

Нина Ангеловска, сопствениката на „Групер“ e предложена за министер за финансии, а Хисен Џамаили за министер без ресор е задолжен за подобрување на инвестициската клима.

Кире Колемишевски е предложен за заменик-министер за економија, додека заменик-министер за образование и наука ќе биде Елизабета Наумовска, а досегашниот заменик-министер за економија, Кире Наумов, ќе биде директор на Македонската банка за поддршка и развој.

Заменик-министер на новото Министерство за политички систем и односи со заедниците ќе биде Неџат Мехмедовиќ.