Собранието ќе проработи, за да се побара задолжување од 70 милиони евра за трамвајот на Шилегов

Собранието по пауза од еден месец, денеска продолжуваат со работа. Ќе бидат свикани продолженијата на 21, 22, 25 и 26-та пленарна седница. На една од нив ќе се дискутира за задолжување кај Европската банка за обнова и развој за брз автобуски превоз, кај граѓаните познат како трамвајот на тркала на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Ќе се дискутира и за законот за државјанства на барање на Алијасата за Албанците, потоа за измени на Законот за аудивизуелни услуги, како и за измени на Законот за надворешни работи. Собранието беше блокирано поради тоа што власта не можеше да ги собере неопходните 61 пратеник за почеток на седница.