Собранието ги изгласа измените – администрацијата ќе добие за 5 отсто повисоки плати

Собранието ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за исплата на плати со кои септемвриската плата на вработените во јавниот сектор се зголемува за пет отсто.

Поголеми плати ќе има за вработените во администрација, здравство, социјала, образование, одбрана, полиција и во целиот јавен сектор.

Законските измени беа усвоени по претходна расправа меѓу власта и опозицијата во Собранието, откако претходно на собраниската Комисија за труд и социјална политика не беше усвоен амандманот на опозицијата зголемувањето на платите да биде 10, а не 5 отсто.