Собранието ги усвои измените на Кривичниот законик

Во рамки на 84-тата седница денеска во Собранието беа усвоени измените на Кривичниот законик, кои што треба да обезбедат поголема правна сигурност за граѓаните и да спречат субјективизам во изрекување на кривични санкции од страна на некои судии или судови.

Овие законски измени треба да ги отстранат можностите, причините или условите за доведување на граѓаните и компаниите во нееднаква положба пред законот при изрекување на кривичните санкции, но и да го стеснат просторот за манипулации или за определени некоректни однесувања на некоја странка што учествува во судската постапка.

Измените, како што појаснуваат од Министерството за правда, се резултат на тоа што во Македонија во рамки на изрекувањето кривични санкции се забележуваат определени аномалии и недоследности кои ги ставаат граѓаните во нееднаква положба пред законот.

За едно исто дело, некои судови изрекувале поблаги, а други потешки и посериозни санкции кон граѓаните, а судиите не го почитуваат законскиот опсег даден за изрекување на казните, или горна и долна граница.

Анализите покажале оти досудената просечна казна во предметите се наоѓа многу под долната граница на опсегот на предвидената казна пропишана со закон, дека опсегот на казни кој што бил применет од страна на судиите е многу понизок од највисоката казна пропишана со закон, што, пак, според предлагачот, укажува дека судиите воопшто не ја користат горната граница на казните што им ја овозможува законот, а забележана била и голема невооедначеност на изречените казни од страна на различни судови.

Со измените се дава правна основа за донесување Правилник за одмерување на казните.  Правилникот треба да го изработи судот, а да го донесе претседателот на Врховниот суд на Македонија, со учество и по обезбедено мислење од Јавниот обинител и од Адвокатската комора.

Забележките на опозицијата беа дека со овие измени се дерогира воспоставениот правен систем, дека се негираат законите и уставот. Побараа повлекување на измените и дополнителни јавни расправи.

Законот треба да поттикне ефикасни инвестиции и иновации во нови и современи инфраструктури, особено за следните генерации бродбенд мрежи, како на државно, така и на ниво на локална самоуправа, но и да гарантира дека крајните корисници, вклучувајќи ги и лицата со инвалидитет, старите лица и лицата со посебни социјални потреби ќе добиваат максимална корист што се однесува до изборот, цената и квалитетот.

Собранието во прво читање ги  усвои предлог законите за електронски комуникации, за националната инфраструктура на просторните податоци на РМ, за контрола на емисии од испраливи органски соединенија при користење безнини. и за планински пакети.

Осумдесет и четвртата седница на Собранието продолжува утре.