Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за составот на Анкетната комисија за случајот со т.н. фабрика за афери, односно со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи.
Пратеничката група предводена од СДСМ најави дека нема да учествува во работата на оваа комисија бидејќи според нив таа е нонсенс и контра комисијата за прислушувањето.
Пратениците од владејачката партија, пак, оценија дека СДСМ не сака да се формира анкетната комисија за неодамна откриената фабрика за афери затоа што се плаши вистината да излезе на виделина.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија во реплика на пратеникот од опозицијата Горан Мисовски рече дека за волја на вистината, македонската политичка сцена, а посебно опозицијата, ја тресе една друга голема афера. Афера наречена „Фабрика за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи“. Афера која има меѓународни размери и афера која што мора да биде разрешена.
Стевананџија: Не е логично политичка партија во рамките на Собранието да не сака да се дознае вистината
Пратеникот Стевананџија потоа истакна дека сите пратенички групи, како и независни пратеници, освен пратеничката група на СДСМ, ја поддржале иницијативата за формирање на оваа комисија и предложиле членови за истата, но како што рече тој, единствено не му е јасно зошто и како некоја политичка партија би била против откривање на вистината и расчистување на овој скандал.
ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и независните пратеници, како и секогаш досега во собраниската пракса ја поддржаа иницијативата за формирање на една ваква Анкетна комисија. Само не е логично политичка партија во рамките на Собранието да не сака да се дознае вистината, дополни Стевананџија.
На крај, Стевананџија им порача на пратениците од СДСМ да соберат храброст и да не дозволат нивната партија да биде заложник на криминалите како на одредени личности од високото раководство на СДСМ, така и на осомничениот за овој скандла Чауш заедоно со неговата банда.