Со тоа, како што е наведено во сопштението на собраниската прес-служба, се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност.
Посетителите ќе имаат можност да добијат одговор на нивните прашања.
Македонскиот парламент, вообичаено, е отворен за посета секој последен петок во месецот, а граѓаните кои се заинтересирани потребно е да се пријават на тел. 02/ 3113-683 или на е-маил [email protected], најдоцна пет работни дена пред посетата.