Собранието не го изгласа Предлог законот за амнестија, предложен по скратена постапка од министерот за правда Кренар Лога.
Имено, 15 пратеници гласаа „За“, додека пак 66 беа „против“, а 3-ца беа „воздржани“.
„Констатирам дека предлогот на Владата не е усвоен“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.