Пратениците во Собранието и денеска трет ден по ред ја продолжија расправата за ребалансот на Буџетот за 2020 година.
Главаната потреба од овој ребаланс на државанат каса е обезбедување на 70 милиони евра за субвенционирање на платите на вработените како и пари за останатите ставки од четвртиот пакет на антикризни мерки со кој се обезбедуваат финансии кои се окарактеризирани како влог во човечкиот капитал, зачувување на работните места и економско пребродување на здравствената криза. Пратениците од власта и од опозицијата и денеска со дијаметрално спротивни ставови и гледања на мерките за кои ќе се обезбедуваат пари преку кратењето на непродуктивните трошоци и капиталните инвестиции.
Според Атнан Незири од алијанса за албанците државата мора да праи баланс меѓу субвенции и капиталните инвестиции за да не расте драстично дефицитот и да ни се случи да отидеме во банкрот како држава
Според заменик министерот за финансии Ковачевски со овој реабаланс нема да се скратат трансферите кон локалните самоуправи наменети за образование и култура туку се кратат само непродуктивните трошоци
Според деловникот собраниската расправа за ребалансот на буџетот треа до пет работни дена.