
Со поддршка на Предлог измената на Водостопанската основа на Македонија од 1968 година за акумулацијата Бучин, Собранието денеска ја заврши последната седница за 2013 година.
Во рамки на оваа, 80-тата седница, поддржани беа и предлог измените за заклучување на стечајните постапки отворени согласно Законот за присилно порамнување стечај и ликвидација, на Законот за вино кои треба да се донесат по скратена на постапка, на Законот за данокот на додадена вредност, дополнувањата на Законот за идентификација и регистрација на животните.
Претходно, во рамки на 77-та седница не доби поддршка Предлог законот за забрана на користењето на симболот истакнуван на знамето на Македонија пред влегувањето во сила на привремената спогодба потпишана меѓу Македонија и Грција во 1995 година и знамето што го содржи овој симбол, поднесен од пратеникот Ивон Величковски.