Собраниска расправа за избор на нови министри

Нова реконструирана влада која ќе обезбеди силно парламентарно мнозинство за донесување на важни закони или пак пазарење за 5 пратеници повеќе, расправаа пратениците на собраниската седница попладнево за новиот владин состав. Премиерот Заев го образложи именувањето на новите министри.

Асаф Адеми за Култура кој доаѓа на местото на Роберт Алаѓозовски, Бардул Даути – министер без ресор, Рената Дескоска од образование се сели во Правда, а нејзиниот досегашен заменик Арбер Адеми ќе биде прв човек во Обрзование .

Ве уверувам дека предложените кандидати совесно и со најголема посветеност и одговорност ќе ги извршуваат своите законски обврски согласно Законот и определбите на Владата на Р.М. за остварување на програмските определби на владата и стратешките интереси на Македонија и исклучиво во интерес на сите граѓани, изјави премиерот Зоран Заев.

За пратениците од ВМРО ДПМНЕ пак новиот владин состав не влева оптимизам. Пратеникот Илија Димовски кој прв му реплицираше на премиерот Заев новата реконструкција ја дефинираше како пазарџиска .

Денешниот предлог за мини реконструкција на Владата или за избор на нови министри за нас е пазарџиска реконструкција која нема никаква политичка содржина, никаква политичка порака, освен пазарџиско зголемување со неколку пратеници повеќе на парламентарното мнозинство, изјави Илија Димовски пратеник ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот од ДУИ Артан Груби пак го изнесе ставот на пратениците од партијата порачувајќи дека новиот владин состав ја има нивната поддршка но на почетокот од своето браќање го праша премиерот каде му се министрите. Ниту овој пат на собраниската расправа пратениците од опозицијата не пропуштија прилика да ги наметнат и темите околу преговорите, медиумите, реформите во судството .

Премиере, сакав да ви ја пофалам Владата, ама не ви ја гледам, членовите што треба да бидат избрани. Очекувам да дадете поддршка за Владата, да ја гласате оваа влада и овие нови министри и сите тие храбри потези што ги правиме, изјави Артан Груби.

Законодавниот дом најдоцна до полноќ ќе мора да се произнесе за новите министри . А за тие да поминат потребно е за да гласаат најмалку 61 пратеник. Откако оваа точка ќе пројде следува и онаа за изборот на заменици министри. Ниту еден од министрите и замениците кои дадоа оставки не ги образложија пред пратениците, а на оваа седница исто така беше изгласана точката за распишување оглас за избор на претседател заменик претседател и членови на ДИК.