Собраниски делегации ќе положат цвеќе за Илинден

По повод 2 Август – Денот на Републиката, обраниска делегација предводена од  Антонио Милошоски, потпретседател на Собранието, во состав:  Јасминка Дамческа и Лилјана Поповска, ќе положи венец свежо цвеќе во 10 часот пред споменикот на АСНОМ вo, паркот „Жена борец, во 10.10 часот пред  споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија и во 10.20 часот пред  споменикот на Методија Андонов-Ченто,  на плоштадот „Македонија“.

Собраниска делегација предводена од  Рафис Аљити, потпретседател на Собранието на Република Македонија, во состав: Владимир Ѓорчев, Трајко Димков и Мирван Џемаили, ќе положи венец свежо цвеќе во 11 часот во Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце.

Собраниска делегација предводена од Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, во состав: Александар Николоски,  Димитар Стевананџија, Муса Ибраими,  Владанка Авировиќ и  Роза Топузова-Каревска, ќе положи венец свежо цвеќе во Крушево, во 9.30 часот на  гробот на Никола Карев, во  10.00 часот пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“ и во  12 часот пред  „Мечкин Камен“.