Сочи: 44 светски лидери на отворањето на ЗОИ

Свеченото отворање на 22-те Зимски олимписки игри во живо ќе го проследат  44 светски лидери.

„На церемонијата на свечено отворање на Зимските олимписки игри во Сочи ќе присуствуваат 44 светски лидери, а во текот на двете недели од Игрите ќе дојдат вкупно околу 60 лидери, соопшти денеска прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Како што јави ИТАР-ТАСС, во интервју за радио „Комерсант ФМ“ Песков дополни дека „овие бројки може да бидат и корегирани“.

Песков, исто така, изјави дека руските специјални служби целосно ќе ја гарантираат безбедноста на Олимписките игри и увери дека се што требало да се направи за нивната безбедност, веќе е направено.

На оние кои критикуваат за злоупотреби при изградбата на олимписките борилшта, Посков им порача да дојдат во Сочи и да ги видат резултатите на таа „градба на векот“. Тој призна дека е можно во градењето на објектите во градот домаќин да има факти за злоупотреби, но одби еднострано да суди за тоа, изјавувајќи: „ние не сме судии“.

Песков, исто така, смета дека активистите за човекови права во странство често пати се „лошо информирани за тоа за што ја критикуваат Русија“.