
Претседателот Ѓорѓе Иванов упати писма во кои изрази сочувство до семејствата на припадниците на МВР кои загинаа во хеликоптерската несреќа во струмичко.
– Со чувство на голема болка и длабока тага ја примив веста за трагичната хеликоптерска несреќа кај Струмица во која животот го загуби вашиот сакан сопруг и татко.Во овој тежок миг за Вашето семејство и за цела Македонија примете ги изразите на моето најискрено и најдлабоко сочувство, се вели во писмата што претседателот Иванов ги упати до семејствата на загинатите припадници на хеликоптерската единица на МВР.