
Македонскиот претседател Стево Пендаровски изрази сочувство до претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган по разораниот земјотрес која ја погоди земјата утринава.
-Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Реџеп Таип Ердоган и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Туркије. На повредените им посакувам брзо закрепнување, објави Пендаровски на Фејсбук.
Повеќе од 300 луѓе загинаа во Сирија и во Турција во силниот земјотрес во близина на јужниот турски град Газиантеп рано утринава. Се очекува бројот на загинати да се зголемува.