Социјалдемократите на германскиот канцелар Олаф Шолц победија на изборите во неделата во Бремен, најмалата германска сојузна покраина, што може да ѝ даде умерен поттик на партијата на левиот центар, која се соочува со опаѓање на популарност на сојузно ниво.
Ова упориште на Социјалдемократската партија (SPD) е првата сојузна држава што гласа оваа година. Според проекциите на локалната изборна комисија, SPD води со 29,5 отсто освоени гласови, 4,6 отсто повеќе од изборите во 2019 година кога формираше локална власт со Зелените и крајно левата партијата Левица.
Ова значи дека партијата освоила десет проценти повеќе гласови од рејтингот што го има на сојузно ниво SPD, кој паѓа од последните парламентарни избори во 2019 година поради зголемените животни трошоци.
Конзервативците од CDU се втори со 25,8 отсто, 0,9 отсто помалку од 2019 година.
Двете партии во коалиција со SPD во сојузната влада, Зелените и либералните Слободни демократи (FDP) претрпеа загуби во Бремен. Зелените освоија 11,8 отсто од гласовите, 5,6 отсто помалку од претходните избори. FDP доби 5,2 отсто, 0,7 помалку од 2019 година и едвај го надминува прагот за влез во локалниот парламент.
Партијата Левица освои 11,5 отсто, а крјано десната Buerger in Wut (Гневни граѓани) доби 9,5 отсто.
Конечните резултати се очекуваат во среда.