
Опозициските конзервативци водат на шпанските парламентарни избори, но владејачките социјалисти имаат поголеми шанси да формираат коалициска влада, покажаа во неделата резултатите од неизвесните парламентарни избори по пребројани 77 отсто од гласовите.
Резултатот е спротивен од излезната анкета објавена на јавната телевизија TVE, која предвидуваше победа на десницата.
Десничарската Народна партија (PP) на опозицискиот лидер Алберт Фејхое во водство со 132 мандати, а екстремно десничарската Vox со 33 пратеници во парламентот од 350 места.
За формирање влада се потребни 176 пратеници, па доколку резултатите останат вакви, десничарската коалиција не би имала доволно мнозинство.
Владејачката шпанска социјалистичка работничка партија (PSOE) на премиерот на заминување Педро Санчез би можела да остане на власт со поддршка на другите левичарски и сепаратистички регионални партии.
Социјалистите во моментов добиваат 126 пратеници и со поддршка на левичарската партиска групација Sumamos и сепаратистичките партии на Каталонија, Баскија и Галиција, добиваат 177 места, доволно за формирање влада.
Конзеративците и социјалистите постојано го менуваат раководството, па сѐ уште е неизвесно кој ќе владее со Шпанија.