Социјална инклузија преку технологија

технологија

До крајот на март, стотина млади лица со попреченост ќе можат да се стекнат со знаења и вештини со кои ќе бидат поконкурентни на пазарот на трудот и ќе можат полесно да се интегрираат во општеството, посебно во брзорастечкиот сектор на информатички и комуникациски технологии. Според директорот на УСАИД во Македонија, концептот на онлајн учење е реална и остварлива можност за сите млади лица со попреченост.

Младите кои ќе учествуваат во овој проект, покрај онлајн едукацијата ќе имаат можност да стекнат работно искуство со практика во неколку приватни фирми.

Вредноста на овој проект е 135 илјади долари. Мисијата на УСАИД во Македонија постои од 1993 година и во овој период има инвестирано над 500 милиони долари за подобрување на квалитетот на животот и транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. Приоритетите се создавање на работни места, намалување на корупцијата и подготвување на македонските ученици за компетитивност на пазарот на труд.

Извор: МРТ