
Најмногу се благодарни на лидерот на ВМРО-ПМНЕ Никола Груевски со кого се сретнале при последната посета во Кратово која беше на крајот на февруари и го истакнале својот проблем.
Груевски ветил дека ќе се разгледаат процедурите и законските можности со цел да се добие трајно решение. За помалку од два месеци тие денес ги добија клучевите од становите во Кратово.
Шесточленото семејството на Ѓоргија Петров живеело заедно со други три семејства во еден заеднички стан, а денес тој доби стан од 76 м 2.
Второто семејство кое доби стан е семејството на Бобан Петков. Пред овој среќен ден, тој 15 години живеел под кирија.
Клучевите ги додели директорот на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор Цветко Грозданов, откако претходно позитивно се изјаснила Комисијата за стамбен простор при Владата на РМ утврдувајќи дека биле исполнети сите законски процедури.
Радоста не можеа да ја сокријат семејствата на кое им се реши ова животно прашање.